“MAK-WEB-DESIGN” – (“ВЕРСОНА” д.о.о.е.л. – Скопје), го склучува овој договор за изработка на веб страна со клиентот ____________________
_____________________________________________________________.
Член 1
Клиентот го избрал пакетот ________________ со цена од _______ евра,
( ___________ денари) и додатни модули: _____________________________________________________________________________
во вредност од ____________ евра. (___________ денари).
- Вкупната сума изнесува _________ евра. (___________ денари).
* Цените се без ДДВ.
Член 2
“MAK-WEB-DESIGN” се обврзува да ја изработи оваа веб страна во предвидениот рок ( _________ дена) по примената уплата на профактурата. Продолжување на овој временски рок за изработка, “MAK-WEB-DESIGN” има право да побара само доколку причините за негово одложување се неопходни, односно не се во доменот на одговорноста. Во спротивно “MAK-WEB-DESIGN” исплатува затезна камата од 3%.
Член 3
“MAK-WEB-DESIGN” не превзема одговорност на “виша сила” (“паѓање” на сервер, менување IP адреса и сл.) кои можат да предизвикаат неколку краткотрајни прекини на функцијата на веб страната во одредени периоди во месецот.
Член 4
Клиентот уплатува 40% од вредноста на пакетот по дефинирањето на изгледот на првата страна (аванс по договор или про-фактура).
Член 5
По комплетната изработка на веб страната, клиентот има 24 часа да ја прегледа истата. Клиентот ја добива фактурата и во рок од седум дена треба да ја уплати останатата сума (60% од вкупната вредност на пакетот). Доколку не го стори тоа, претходно уплатениот аванс од 40% стануваат неповратна сопственост на “MAK-WEB-DESIGN” без никаква замена. За клиентот да го добие порачаниот пакет, му се пресметува затезна камата од 5%.
Член 6
Клиентот електронски го добива комплетно изработениот пакет, веднаш по комплетно исплатената вредност на истиот.
Член 7
Веднаш по ставањето на веб страната во употреба, “MAK-WEB-DESIGN” и клиентот потпишуваат завршен договор по кој сите обврски кон клиентот и одговорноста кон веб страната завршуваат (освен доколку клиентот во пакетот не избрал подршка и одржување од “MAK-WEB-DESIGN”).
Член 8
Клиентот има право да побара промена или корекција на пакетот до потпишувањето на “договорот за изработка на веб страна” и промена или корекција на веб страната до потпишувањето на “завршниот договор” .
Член 9
За секоја дополнителна промена или корекција на веб страната или пакетот се склучува нов “договор за промена на веб страна” и клиентот дополнително уплатува парична сума во зависност од вредноста на промената и специјалните услуги кои ги нуди “MAK-WEB-DESIGN”.
Член 10
“MAK-WEB-DESIGN” прифаќа промени и корекции и на веб страни изработени или во меѓувреме променувани од друго физичко или правно лице, но, без одговорност.
Член 11
Креирањето на е-маил адресите го извршува “MAK-WEB-DESIGN” пред склучувањето на завршниот договор. Доколку клиентот смета дека е способен сам да го изврши истото, “MAK-WEB-DESIGN” му ги предава сите потребни информации со име и лозинка, но, притоа не одговара за никаква можна оштета на веб страната.
Член 12
“MAK-WEB-DESIGN” не одговара за било какви неправилности на “хостинг серверот и домеинот”.
Член 13
“MAK-WEB-DESIGN” не одговара за изгледот на веб страната во некои од останатите “browser”-и исклучувајќи го “Internet Explorer 7.0”.
Член 14
Хостирањето и закпувањето на “domain” го извршува “MAK-WEB-DESIGN”. Доколку клиентот изјави желба самиот да го стори тоа, “MAK-WEB-DESIGN” не превзема никаква одговорност за било каква евентуална грешка или дефект на хостинг серверот и домеинот.
Доколку клиентот не се сложува со некој од горенаведените членови, се моли тоа да го изјави пред потпишувањето на договорот.